Српската пејачка Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Челинац на 27 јули, по повод Денот на општина Челинац.
Како вистинска дива, таа на настапот пристигна со приватен авион, сепак, причината е што во спротивно немало да биде изводливо подоцна да стаса на другиот настап, закажан за истиот ден во Црна Гора, во Будва.
Карлеуша настапи на преполниот плоштад во металик сребрена комбинација која се состоела од градник и широки панталони, со каубојски шешир.
Бидејќи целото патување било планирано до минута за да стаса од една до друга локација, Карлеуша немала време ниту да се пресоблече, па како секси каубојка отишла на аеродром.
Сребрениот градник го истакнал бујното деколте на Јелена, кое ги изненадило службениците на аеродромот, особено цариникот на пасошката контрола, кој ѝ го проверувал пасошот.
Да потсетиме, самата Јелена раскажа како сè изгледало тој ден:
– Вака куцам до авионот среде ноќ на пистата и разговарам со Милица Павловиќ, облечена како „вселенски каубој“ затоа што штотуку се симнав од сцената во Челинац и „брзам“ да полетам и да пристигнам на настапот кој започнува за 3 часа во Будва. Голема благодарност до сите вработени на аеродромот во Бања Лука и голема благодарност до сите на аеродромот во Подгорица што трпеливо ме чекаа и се правеа дека е сосема нормално да се види сребрено чудо со шешир! Ми помогнаа да изведам голем „подвиг“ и да одржам два концерта во иста вечер, вечер. Да, беше тешко, не ги чувствувам ниту крилјата ниту нозете во моментов, но се надевам дека публиката беше задаоволна – објасни Јелена Карлуеша во описот на фотографијата на својата инстаграм-приказна.