Јелена Карлеуша е во тешка психичка состојба од кога умре мајка и Дивна. Таа ниту јаде, ниту пие, а одбива помош од психијатор, пишува ало.рс.
“ Таа нон -стоп молчи. Ниту јаде, ниту пие, одбива помош од психијатар. Само гледа во една точка, плаче и ја вика мајка и. На телефон не се јавува, не чита пораки… Претходно, кога и да ја прашавме за Дивна, велеше дека е одлична. Никој кај неа не можеше да види некој проблем. Јелена секогаш беше лавица. Сега и е потребна помош. Барем Душко да е до неа. Вака, тој е во Кина, Дивна под земја, а Јелена е во “кома“. “, вели нејзин близок пријател и објасни около кратењето на косата на Јелена:
“ Кога и се случи ова со Дивна, таа почна да си ја кубе косата. На крај зеде ножици и скроз си ја скрати. Подоцна дојде нејзината фризерка за да и направи колку толку форма на фризурата“.
(фото: З. Илиќ и М. Митровиќ )