Хрватската актерка и продуцентка Јелена Вељача е на одмор во Индонезија со својот поранешен сопруг, актерот Драже Чучек. Без разлика што од ланското лето тие повеќе не се заедно, екс двојката се во одлични односи пред се, поради ќерката Лена.
Јелена која е активна на социјалните мрежи постојано постира фотографии од одморот во Индонезија. На една од последните фотки, во преден план е нејзиното згодно газе, за кое доби многу комплименти од нејзините следбеници.
https://www.instagram.com/p/BuC2g9NBCg6/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“ Сакам вакво газе“, “ Згодна мајка“, “Одлична линија“ – се дел од коментарите за фотката на Вељача.
Инаку, Јелена Вељача стана популарна по ТВ серијата „Вила Марија“. Подоцна се повлече од актерството и почна да се занимава со пишување сценарија и продукција на серии.