Кјара Ферањи, италијанска инфлуенсерка која ја следат 30 милиони луѓе на Инстаграм, досега важела за интернет личност чија работа, упорност и труд се вреднувале.
Кјара е сопственичка на две компании и заштитно лице на модни и козметички брендови, а била и тема на предавање на Харвард како феномен на социјалните мрежи, а таа е во брак со раперот Федез и има две деца.
Италијанката која важела за пример во светот на инфлуенсерските кругови мора да плати милион долари казна поради измама.
Имено, таа се обвинува дека 30 милиони следбеници ги „насамарила“ кога објавила дека парите од заработката од продажбата на колачиња кои ги промовирала, ќе бидат уплатени во хуманитарни цели, поточно за деца кои се лекуваат од канцер.
Кјара во соработка со брендот „Balocco“ направила божиќен пакет – десерт пандоро, колач којшто бил брендиран и се продавал во кутија со нејзиното име и логото од компанијата.
Неколку седмици инфлуенсерката на Инстаграм го рекламирала производот со наводна цел парите да бидат уплатени во болницата во Торино во која се лекуваат деца кои боледуваат од канцер.
Меѓутоа, италијанската управа за заштита на конкуренција открила дека станува збор за измама затоа што инфлуенсерката ги убедила следбениците дека поголем дел од профитот ќе биде наменет за лекување на децата.
Во извештајот којшто го пренесува „SkyNews“ се наведува дека компаниите кои соработувале со Ферани заработиле над милион евра од продажбата на брендираните колачиња, а на сметката од болницата била уплатена донација од само 50.000 евра.
Брендот „Balocco“ ќе плати казна во висина од 400.000 евра, а Кјара и нејзината сестринска компанија над милион евра.
Инфлуенсерката се извинила поради измамата и ветила дека ќе ги врати парите, а потоа ги избришала сите објави во врска со донацијата и колачите.