Поранешниот претседател на Костарика и добитник на Нобелова награда за мир, Оскар Аријас се најде во голем скандал откако активистка за нуклеарно оружје го обвини за сексуален напад, пренесува „Гардијан“.
Жената која го оптужила дека нападот се случил за време на работен состанок кој се случил на 1. декември, 2014 година во домот на поранешниот претседател во Сан Хозе. Тогаш Аријас ја „фатил од позади, ги допирал градите и почнал да ја бакнува, а потоа пенетрирал во неа со своите прсти“, раскажала активистката.