Раперот Тига, кој беше во врска со Кајли Џенер до 2017 година, беше уапсен за напад врз неговата свршеница Камарин Свенсон.
Свенсон на социјалните мрежи објави слики од повреди, модринки на очите и отечени усни, и напиша дека Тига „со месеци ја малтретирал психички и физички и дека повеќе нема да молчи“.
Двојката наводно се верила пред пет месеци, а американскиот портал ТМЗ објави дека инцидентот се случил „околу три часот наутро кога Камарин дошла во вилата на раперот, врескајќи и расправајќи се“, поради што манекенката повторно се огласи.
„Не е точно дека дојдов и врескав, туку дека трпев насилство и дека не ме пушташе да излегувам од дома со часови“.
По овие објави, Тига се предаде на полицијата „за да може да ја слушне неговата страна од приказната“; по што беше ослободен од притвор со кауција од 50.000 долари.