Британска туристка е пронајдена мртва откако ја удрил глисер на Крф. Телото е пронајдено од крајбрежната полиција на плажата Авлаки.
Службеник на крајбрежната стража за агенцијата Франс прес рекол дека безживотното тело на британската државјанка е пронајдено на плажата Авлаки, која се наоѓа на северот на островот.
Полицијата најави истрага за пронаоѓање на глисерот кој ја усмрти туристката.