Давид Антони (48) од Флорида обвинет е за убиство на својата сопруга Гретчен Антони (51), откако излажал дека таа починала од коронавирус.
Претходно, пријателите на Гретчен примиле порака од него дека на неговата сопруга здравствената состојба и е влошена и мора да биде задржана во болница. Но, полицијата набргу открила дека жената ниту била лечена, ниту била примена во болницата.
Полицијата веднаш се посомневала во Давид кој во март, наводно, за да не се зарази, ја напуштиј својата сопруга. Комшиите на брачниот пар ја известиле полицијата дека пред десетина ден слушнале викање од нивната куќа, а и женски врисок.
Давид на 31 март е пронајден во Ново Мексико, 10 дена откако ја убил својата сопруга. Тој е обвинет за убиство од втор степен.