Неименуваната жена од југот на Шпанија долго живеела во верувањето дека Бред Пит ја сака неа и само неа.
Сепак, деновиве таа конечно поднела тужба против непознат измамник, откако тој измамник ѝ го скршил срцето и ѝ ја испразнил сметката за најмалку 170.000 евра, пренесуваат шпанските медиуми.
Случајот во јавноста го пријавила адвокатката Антонија Естела Ароза, која објаснила дека нејзиниот клиент, средовечна жена, навлегла во приказната дека комуницира со Бред Пит откако се приклучила на неговиот фан-клуб на Фејсбук на почетокот на 2022 година.
Набрзо поверувала дека стапила во романтична врска со Пит, а животот ѝ станал тотално искомплициран кога навлегла во ветувањето на „Пит“ дека ќе дојде во Шпанија за тој конечно да ја бакне страсно и да ја промовира во филмска ѕвезда.
Имено, измамникот ѝ ветил на госпоѓата дека ќе ја вклучи во снимањето на филм, а потоа почнал да бара различни суми за да ги покрие трошоците на организацијата и неговото доаѓање.
Интересно, измамникот одвреме навреме ѝ испраќал фотографии од црвениот тепих на својата жртва, а често знаел да ги украси со лични пораки.
Лажниот Бред дури и испраќал и фотографии од црвениот тепих, а еднаш фотографијата имала и лична порака до неа: „Драга, навистина те сакам и ветувам дека ќе ти вратам сè“.