Саманта Фокс (56) првпат почнала да гради манекенска кариера на 16 години. И покрај тоа што нема манекенска висина и градба (висока е 158), таа е една од најфотографираните жени во осумдесеттите.
Потоа својата пејачка кариера ја започна во 1986 година, а со синглот Touch Me стана планетарно популарна.
https://www.instagram.com/p/CcIU0REOlK7/
Познато е дека како тинејџерка имала телохранители, бидејќи не можела да се „одбрани“ од обожавателите. Колку била популарна говори податокот дека мажи го тетовирале нејзиното име на телото, а еден обожавател го истетовирал на челото.
За Greatbritishlife, таа потсетила дека во списанијата читателите можеле да гласаат за Мадона или неа: „Секој пат победував“, рекла таа.
Таа беше секс симбол и мажите воздивнуваа по неа ширум светот, но ја сакаа и жените. Таа беше во врска со нејзината менаџерка Мира Стратон до 2015. година кога Мира починала од рак.
Таа повторно нашла љубов во 2019. година со нејзината сегашна свршеница Линда, а таа се уште пее.