Амабсадорката на Филипини во Бразил е отпуштена од службата, откако е откриено дека со месеци ја тепала една од своите куќни помошнички во официјалната резиденција во Бразилија, а нејзините напади се снимени и објавени во медиумите.
Маричу Мауро е отповикана и вратена во Манила кон крајот на минатата година. Телевизијата Глобоњуз ги објави снимките од безбедносните камери за време на осумесечен период на кои се гледа амбасадорскиот однос кон нејзината куќна помошничка и сонародничка.
Амбасадорката е отпуштена и од Министерството за надворешни работи, објави вчера на телевизија претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.
„Постојат правила што мора да се почитуваат. Ако не ги следите, ризикувате. Ако работите тргнат наопаку, нема да ве спасам“, нагласи шефот на државата.
Мауро ќе ги изгуби своите пензиски права и повеќе нема да може да работи во јавни институции.
Снимките направени во периодот меѓу март и октомври 2020 година биле искористени како аргумент во тужбата поднесена од филипинската влада против дипломатката, која за амбасадорка во Бразил била именувана во 2018 година.