-Мртвите ќе воскреснат од своите гробови за да извршат масакр, а тоа ќе се случи на крајот на милениумот, во годината на седмиот број – наведува Нострадамус во едно пророштво.
Ова можеше да биде во 2007 година, или во 71 век, а бидејќи зомби не го презедоа човештвото во 2007 година, апокалипса на зомби можеше да се случи во 71 век, но тоа е малку веројатно.
40 дена поплави и 40 години суша
-Невидени поплави ќе ја погодат земјата, а по 40 дена поплави ќе следат 40 години суша.
Да се случеше второто, луѓето ќе преживееја само неколку дена.
Војната меѓу Персија и Македонија
Иран е денешна Персија, но неизвесно е што мислеше Нострадамус кога рече Македонија: денешната Mакедонија или поранешниот дел кој сега е во грчкиот регион, иако би се рекло дека тој мислел на второто. Меѓународните односи, сепак, укажуваат на тоа дека веројатно нема да започне војна меѓу Иран и Грција.
Катастрофален земјотрес
Судејќи според достапните информации, нема што да покаже дека сме во поголема опасност од сеизмички настани отколку порано. Земјотресите нè погодуваат толку често како порано: за една година, 15 земјотреси со јачина поголема од седум.
Слабеењето на Западот
Кина важи за следната голема суперсила, а пророкот сугерира дека по американската граѓанска војна и големиот глад, Кина ќе стане најмоќната сила во светот. Тоа сè уште не се случило, но животниот стандард на средната класа во Кина се подобрува и прашање на време е кога Кина ќе ги симне Соединетите држави од тронот на најголемата светска сила.
Трета светска војна
Различни луѓе ја предвидуваа третата светска војна неколку пати, а според пророштвото од 1981 година, таа требаше да избувне во 1994 година и да трае најмалку до 1999 година.
Во 2002 година, тие предвидоа дека војната ќе започне по 57 години мир што ќе следи по крајот на Втората светска војна во 1945 година.
Најновото предвидување доаѓа од самопрогласениот пророк и „Божји гласник“ Хорациј Вилехас, кој вели дека војната ќе избувнела на 13 мај 2017 година, поради нападот на Сирија.
Мабус
Мабус е една од најпознатите личности од митологијата на Нострадамус, според која тој го најавува крајот на светот.
Во Пророштвата е напишано дека смртта на Мабус ќе предизвика масовно бегство, одмазда и поминување на комета.
Многумина во Мабус го препознаваат „третиот антихрист“, а некои го поврзуваат името со светските лидери, како Барак Обама, Садам Хусеин, Џорџ В. Буш и Осама бин Ладен.
Антихрист
Нострадамус зборуваше за три антихристи, од кои секој ќе биде многу моќен и ќе има изразена способност за убедување. Толкувачите на пророштвата заклучија дека првиот е Наполеон, вториот Хитлер, а во моментов најчесто се споменува Доналд Трамп како трет – поради контроверзиите и турбулентната глобална клима што го придружува неговиот претседателски мандат.
Крај на светот
Толкувачите на Пророштвата на Нострадамус сè повеќе ги користат тековните настани за да го објават крајот на светот. Така, се проширија гласини засновани на неговите предвидувања дека „големиот крал на ужасите ќе се појави во седмиот месец од 1999 година и ќе го врати во живот монголскиот крал“.
Самиот Нострадамус предвидел дека сите негови предвидувања ќе се остварат до 1737 година.