Пред неколку дена речиси сите медиуми ја преноса информацијата, која се појави на социјалните мрежи, а во која во Грција жена се онесвести на плажа. Нејзе и притрчале повеќемина да и помигнат а меѓу нив и Сашко Николов , кардиолог – актуелен градоначалник на Штип. По кратката реанимација жената се освестила и според последните информации се чувствува добро.
На Фејсбук се огласи нејзиниот син со голема благодарност до др- Николов кој како што вели “ја спаси мајка ми од сигурна смрт”.
“На 24.07.21, на плажата Неа Потидеја, Халкидики, мајка ми беше реанимирана и спасена од сигурно упокојување од страна на за мене дотогаш непознат човек, кого го побарав и го запознав еден ден подоцна, д-р Сашко Николов.Д-р Николов го запознав во една многу тр аумат ична ситуација за мене и покрај тоа го доживеав како врвен медицински професионалец, хуманист, кој не се двоумеше да помогне за секунда и само благодарение на неговата стручност и трезвеност, мајка ми е повторно жива!
Би сакал јавно да му се заблагодарам на Д-р Сашко Николов, кој, како што штотуку дознав, на мое големо изненадување, не е „само“ кардиолог, туку е и градоначалник на Штип во Македонија!
Кога на овие наши Балкански простори, сите политичари би биле вака стручни, хумани и спремни да им помогнат на оние на кои помош им е потребна, наместо како народи да се расправаме, Балканот би бил најразвиениот дел од Европа.
Почитуван д-р. Николов, уште еднаш искрено БЛАГОДАРАМ за помошта, која јас и моето семејство никогаш нема да ја заборавиме!
Comments are closed.