Тригодишно девојче речиси беше киднапирано среде бел ден од бездомник во населбата Бронкс во Њујорк, пишува „Дејли Меил“.
Шокантниот настан е снимен од надзорна камера, а на видеото се гледа како скитникот им приоѓа на деца и киднапира девојче кое шетало со нејзината баба и двајца браќа.
Бабата веднаш почнала да трча по човекот што го земал девојчето, а другите две деца останале со ужас да гледаат што се случува.
За среќа, во близина имало неколку храбри минувачи кои виделе што се случило. Човек кој полнел гориво на бензинска пумпа во близина, го исплашил киднаперот, па тој го пуштил детето и побегнал со скутер.
„ Само ја чистев улицата кога помина таа жена со три деца. Одеднаш им пријде маж, фрли ќебе над девојчето и избега со неа во рацете. Потоа, неколкумина од нас се вклучија и киднаперот го ослободи детето“ изјавил Фермин Брасеро (63), кој исто така се нашол на местото на настанот.
Набргу по инцидентот, полицијата го пронашла 27-годишниот бездомник Сантијаго Салсед, како спие покрај врата. Тој е уапсен и обвинет за киднапирање, обид за киднапирање и загрозување на безбедноста на децата.
Comments are closed.