Екипата на ЈВП Новска извлекла девојка која по силниот земјотрес во вторникот во Петриње била затрупана во канцеларијата во градската администрација. Од силината на ударот, се урнал дел од покривот на таа зграда во центарот, како и бројни sидови.
– Колку беше висока вратата на канцеларијата толку цигли и бетон имаше внатре. Четири часа копавме да ја извлечеме. Толку само можам да кажам за тоа колку беше тешка интервенцијата, рекол за 24сата.хр Златко Пјеќ, командира на Јавната пожарникарска станица Новска.
Девојката останала сама во просторијата на вториот кат.
– Кога почнало да се тресе, некако успеала да се заштити со фотелјата и тоа ја спасило. Ја открија кучињата трагачи, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш почна потешкиот дел, копањето, за да ја спасиме, – објаснил Пјеш.
Прво дошле до нејзината глава што било клучно. Тогаш интервенирал и лекар кој и дал кислород. Била при свест.
– Моравме да ја држиме будна. Ништо не зборуваше. И посакуваме многу среќа и брзо опоравување, вели Пјеќ.