Кинескaта докторка Аи Фен, првата што ги предупреди другите за ширење на коронавирус вирусот исчезна, а се стравува дека е приведена од властите.
Д-р Аи Фен зборуваше за нејзиното откритие и подоцна даде многу интервјуа во медиумите, но потоа молкна.
„Пред само две недели шефот на Итна медицинска помош во Централната болница Вухан излезе во јавноста, велејќи дека властите ја спречиле неа и нејзините колеги да го предупредуваат светот“, се вели во истражувачката сторија во Австралија, „60 минути“.
Откако било објавено интервјуто, кинеските власти набрзо го цензурираа во земјата, меѓутоа тоа веднаш се прошири во светот. Очигледно, сега кинеските власти се погрижиле и за докторката која најверојатно е уапсена, затоа што ѝсе губи секаква трага.
Во интервјуто, Фен изјави дека челните луѓе на болницата ја критикувале откако во декември минатата година ги предупредила своите колеги и надредени за новиот коронавирус сличен на САРС, кој докторите го откриле кај повеќе пациенти. Но, наместо пофалби, Фен добила укор на властите поради „илегално ширење на лажни информации“.
Исчезнувањето на докторката доаѓа во моментите кога кинеските власти се соочуваат со обвинувања за лажење и криење на клучни информации за епидемијата која прерасна во пандемија и се рашири насекаде низ светот. Пекинг на почетокот се обидуваше да ги заташка гласините за казнувањето на докторите кои навремено предупредиле, меѓутоа никој не презел ништо, со што се изгубила можноста за контрола на ширењето на вирусот.
„Да знаев веднаш што ќе се случи, немаше да ми биде гајле за последиците. Ќе говорев за тоа насекаде, каде и да можев. Гледавме како ни доаѓаат се повеќе и повеќе пациенти, а размерот на инфекцијата само се ширеше. Набрзо добивме и пациенти кои немаа никаква врска со пазарот за диви животни за кој верувавме дека е извор на заразата“, изјави Фен во спорното интервју.
Аи Фен во интервјуто ги опиша и драматичните сцени од тие денови кои никогаш нема да ги заборави – како постар човек добива потврда за смртта на својот 32 годишен син и како на човек му било толку лошо, што не можел да излезе од автомобилот. Кога Фен стигнала до неговиот автомобил, тој веќе бил мртов.
„Јас не сум свиркач, јас сум таа која го даде свирчето“, изјави Аи Фен за „Ренву“, по што ѝ се изгуби секоја трага.