32-годишнита физичарка Аља Илјана се заклучила во еден стан во Санкт Петербург и одбила да ја отвори вратата за полицијата. Илјана се вратила од Кина кон крајот на јануари и доби негативни резултати од тестот за коронавирус во болницата на 6-ти февруари. Сепак, и беше речено да остане во карантин две недели. Налутена од ова, таа ја скршила бравата во болницата и избегала.
На Инстаграм, напиша дека по враќањето од одмор на кинескиот остров Хаинан на 30 јануари, почувствувала воспалено грло. Бидејќи немало подобрување, таа повикала брза помош и веднаш била сместена на Клиниката за инфективни болести во Санкт Петербург.
Тестовите покажаа дека таа не е заразена со вирусот, но и било дадена двенеделен карантин поради претпазливост – најдолгиот период за време на кој може да се појават симптомите на вирусот.
„Сите три теста покажаа дека сум целосно здрава, па зошто по ѓаволите да бидам во карантин“, напиша Илјана.
Аља тврди дека градските власти не сториле ништо скоро една недела.
Но, сега властите бараат судска наредба да ја принудат да се врати во болницата, каде таа ќе остане во карантин.