Новинарката Ксенија Вучиќ почина вчера ненадејно. Таа беше првата сопруга на српскиот претседател Алексанар Вучиќ со кого ги имаат двете деца, Данило и Милица.
Уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ во телевизиско гостување открива каков човек била Ксенија.
-Ксенија ја знаевме децении. Прекрасен човек, добар другар, пожртвувана мајка. Судбината е сурова. Почина во својот стан. Данило бил со неа, му починала на раце и тоа е страшно. Штом слушнал за тоа, претседателот отишол во нејзиниот дом. За 6-7 минути пристигнала Итната помош, се обиделе да ја реанимираат еден час, но немало помош-, открива Вучиќевиќ кој додава дека се уште не се знае причината за смртта, но се претпоставува дека е тромб.
Како што информира Вучиќевиќ погребот ќе биде одржан утре на 31 јануари во 13:30 часот на Новите гробишта во Белград.