Познатата холивудска актерка и некогаш една од најубавите жени на планетата, Дениз Ричардс (51), отвори профил на страницата за возрасни „Онли фанс“. Оваа нејзина дополнителна работа беше разоткриена од нејзината колешка и блиска пријателка Тори Спелинг. Тори призна дека под лажно име го посетила профилот на Дениз и потрошила 400 долари само за да види што прави таа на оваа мрежа за возрасни.
Тери признава дека била фасцинирана од тоа што го видела и дека ѝ било интересно. Според неа Дениз Ричардс изгледа одлично на оваа веб-страна.
Наводно, Ричардс се придружила на „Онли фанс“ под наговор на нејзината ќерка Сем (18) која од летоска заработува пари на оваа платформа, иако тоа не му се допаѓа на нејзиниот татко, актерот Чарли Шин.
Чарли Шин своевремено изјави дека ѝ се јавил и ѝ ја замолил својата ќерка да не го жртвува својот интегритет заради парите. Актерот не го одобрува ваквиот начин на заработка, иако не ја крие својата склоност да плаќа сексуални услуги кај жени со лесен морал.
Дениз Ричардс тогаш изјави дека таа нема право да го осудува изборот на нејзината ќерка бидејќи на нејзини години и таа била „дива“.
Коментирајќи ја одлуката на нејзината мајка да се приклучи на „Only Fans“, Сем изјави дека и двете се согласиле оти тоа е паметен потег. Инаку, Сем негираше дека на оваа платформа се објавуваат само содржини од сексуална природа.