Довчерашниот ракометар на Вардар, Бразилецот Рожерио Фереира Мораеш кој поради приватни причини остана во Келн и не дојде на прославата на вардарци во Скопје не крие дека ужива во животот со својата сопруга Керстин која е медицинска сестра. По финалето тој остана во Келн, но замина и во Бразил каде веднаш се упати на плажа со својата сопруга и да се одмори од напорното финале и заслужена титула.
Доказ дека парот обожува да ужива на плажа и во вода се нивните фотографии од различни егзотични дестинации низ целиот свет, а она што најмногу им остава впечаток на сите е неговата сопруга која е вистинска природна убавица.
Инаку, Мораеш кој е еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар беше избран за најдобар кружен напаѓач на турнирот во Келн, благодарение на шесте гола во финалето и тоа против својот иден тим Веспрем.