Лиса Мари Присли почина на 54-годишна возраст. Ќерката на легендарниот Елвис Присли била пронајдена во четвртокот во нејзиниот дом во Калифорнија. Нејзиниот поранешен сопруг, кој живее на заедничкиот имот, ја нашол во спалната соба, се обидел да ја оживее и повикал брза помош.
Таа била пренесена во болница, но лекарите не можеле да ѝ помогнат. Се претпоставува дека доживеала срцев удар.
Нејзината мајка Присила ја потврди лошата вест.
„Со тешко срце морам да ја споделам ужасната вест дека нè напушти мојата убава ќерка Лиса Мари. Таа беше најстрасната, најсилната и најгрижливата жена која некогаш сум ја познавала. Ве молам за приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа огромна загуба. Ви благодарам на сите за љубовта и молитвите“ – стои во нејзината изјава.
Пред само два дена, Лиса Мари со мајка си присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус и беше пресреќна кога Остин Батлер го доби глобусот за Најдобар актер за портретирањето на нејзиниот татко во филмот „Елвис“. Во кратко интервју на настанот, таа сподели дека филмот многу ѝ се допаднал и дека имала можност да се запознае со Остин.
Лиса Мари е едиснтвено дете на Елвис и Присила.