Лана дел Реј синоќа била на граница на кичот и елеганцијата, но сепак тоа било нејзино успешно, модно издание.
Пејачката блескала на црвениот тепих на „Billboard Women in Music Awards“ кои синоќа се одржале во Лос Анџелес. Со стајлингот таа потсетила на својот изглед на почеток од кариерата, а вишокот килограми кои ги има речиси и да не се забележувале.
Лана ја критикуваат дека имала низа естетски корекции или пластични операции, па претходно се зборувало и дека претерала со вештачкото „разубавување“, односно дека нејзиниот нос е доведен до минимална големина.
Умереноста е неопходна, а се чини дека Лана се откажала од одењето на пластични операции… Нејзиното враќање во голем стил секако е значаен затоа што критиките не изостанале ниту овој пат.
Како што кружеа гласините Лана значително се здебелила и имала низа корекции, така веќе неколку години се шпекулира дека пејачката се породила во тајност.
Таа сама ги иницирала таквите приказни со двосмислените објави на Инстаграм, како што беше и пораката за својот 36-ти роденден:
„На својот роденден од срце сакам да им се заблагодарам на пријателите и семејството што се во центар на мојот живот и моето срце. Секој ден на оваа прекрасна Земја е добар ден. Ти благодарам Боже што ми даде уште еден ден и благодарам за бебето Керолин кое доаѓа за кратко“.
Фановите подоцна ја решиле мистеријата откривајќи дека станува збор за нејзина внука која во тоа време била „на пат“.
Пејачката која на светската музичка сцена се издвои со оригиналните интерпретации и необичен музички стил, со години се бори и со здравствени проблеми. Како што изјави во 2014 година, таа по долгогодишната битка со непозната болест на воспаление влегла и во депресија.
„Морав да откажам два настапи во Франција, а потоа и во останата Европа“, изјавила тогаш Лана и истакнала дека докторите никако не можат да откријат поради што таа постојано се разболува. Лана и во 2020 година ја откажала европската турнеја поради здравствени проблеми.