Б.С. (48) ја прободел својата мајка Д.С. (69) во градите и таа во тешка состојба е пренесена во одделот за реанимација на Ургентен центар.
Според неофицијалните информации, во моментот на нападот во домот на четиричленото семејство, се наоѓала и нејзината ќерка.
Од неразјаснети околности Б.С. се фрлил над мајката и ја прободел во градите, а тој е вработен како професор по математика во средно училиште во Обреновац.
Некои од соседите коментираат дека неговата мајка е многу педантна жена и се зборува дека до инцидентот дошло поради расправа за хигиената во куќата. Сите кои ги познавале од соседството, имаат само пофални зборови дека биле мирни и тивки луѓе.