Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Рудна Глава се вакцинираше против корона вирус во Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“ Мајданпек.
Вучиќ ја прими кинеската вакцина Синофарм во Здравствената станица на Здравствениот дом „Д-р Вероjуб Цакиќ“ во Мајданпек, а по пристигнувањето им донесе цвеќе на целиот медицинскиот персонал.
-Среќен сум што видов многу луѓе како чекаат во ред за вакцинирање. Вакцината е живот и ги молам сите луѓе во Србија да се вакцинираат, – изјавил Вучиќ.