Бил Гејтс (65) ја примил втората доза на вакцина против корона, но рекол дека иако бил вакциниран, тој и понатаму ќе ги почитува епидемиолошките мерки како што е носењето маска.
„Сакам да бидам пример за другите“, рекол Гејтс во интервју за апликацијата „Clubhouse“.
„И покрај тоа што сте вакцинирани, сепак можете да ја пренесете инфекцијата“, додал тој.
Американскиот центар за контрола на болести соопшти дека дури и оние кои биле вакцинирани против корона треба да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки. Иако и вакцините Модерна и Фајзер, кои се користат во САД, се ефикасни во спречување на тешки форми на болести и смрт од ковид-19, сè уште не е познато со сигурност дали тие целосно го спречуваат пренесувањето на инфекцијата.
„Нема да престанам да носам маска, ниту ќе престанам да внимавам, особено во близина на постари луѓе кои сè уште не се вакцинирани“, рекол Гејтс, а пренесе CNBC.
Сепак, тој верува дека светлото од крајот на тунелот наѕира, па за неколку месеци строгите мерки ќе попуштат и луѓето конечно ќе можат малку да се опуштат и да живеат послободно.
До тоа може да дојде до крајот на пролетта и почетокот на летото, но треба да се земе предвид дека Гејтс зборува за ситуацијата во САД, кога станува збор за вакцинацијата која што е далеку подобра во однос на состојбата во Европа.