Ја претепал и соблекол гола оти не сакала да им игра на неговите пријатели (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Маж е уапсен во Пакистан бидејќи ја мачел својата сопруга така што ја соблекол гола, ја претепал и и ја избричил главата затоа што не сакала да игра за неговите пријатели. Овој случај го привлече вниманието на светската јавност откако жената која се престави како Асма Азиз побарала помош.

– Мојата облека е крвава. Бев врзана и обесена на вентилаторот. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси, – изјавила Асма, мајка на тригодишно дете.

Нејзиниот сопгруг Фалсал ја претепувал секогаш кога ќе се опие. Таа пред неколку дена избегала и случајот го пријавила во полициска станица и побарала лекарско помош. Но наводно, полицајците одбил да ја примат пријавата бидејќи немала пари да плати мито.

– Полицијата бараше пари и за мојот преглед, но немав со што да им платам.

Откако го видела видеото, министерката за човечки права Ширин Мазари напиша на Твитер дека се уапсени сопругот на Асма, Миан  Фалсал и човекот што бил кај него вработен, Рашид Алија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com