Пејачката Силвана Арменулиќ своевремено ги полнеше насловните страници поради бурниот приватен живот, а имаше и ситуација во која покојната пејачка имаше лична пресметка со тогашната љубовница на својот сопруг.
Станувало збор за поштенската службеничка Лепосава Јанков, која наводно била тешко повредена од Силвана, а сега на социјалните мрежи се шири исечок од весникот во кој има и фотографија од Лепосава.
На почетокот на летото 1971 година било откриено дека Силвана Арменулиќ ја претепала својата соперничка и дека против неа била покрената кривична постапка. Се работи за поштенската службеничка Лепосава Јанков, која наводно била тешко повредена од Силвана.
– Силвана ги пресретнала сопругот и неговата пријателка додека биле во неговиот автомобил. Таа извесно време ги следела, а потоа со сопствениот автомобил налетала на оној на нејзиниот сопруг и ги запрела. Разбеснетата Силвана истрчала од автомобилот, ја извлекла пријателката на сопругот Лепосава Јанков и така „ја пуштила низ раце“ несреќната жена која се здобила со тешки повреди на ‘рбетот, поради што и денеска се лекува, се пишувало тогаш. .
– Не сакам да го спомнувам името на таа жена која се обидува да се рекламира напаѓајќи ме. Зарем не и е преку глава да ми доаѓа дома три и пол години? Јас на концерт, таа во станот. Сакаше да ми го земе и детето, рекла Силвана.
Наредниот ден во болницата „Драгиша Мишовиќ“ Лепосава Јанков добила потврда за тешки физички повреди, поточно повреди на два вратни пршлени.
„Со Радмило се забавувавме кога бевме млади, пред тој да се ожени со Силвана, а јас да се омажам. После десет години повторно се сретнавме. Тој беше пред развод, а јас штотуку се разведов и бев очајна. Врската траеше повеќе од три години. Да, тоа беше голема љубов. Кога почна да работи како тренер во Германија, секој викенд одев со авион кај него во Офенбах. Силвана не сакаше развод. Таа дозна за нас и почна да ме вознемирува иако бевме разведени, јас и мојот сопруг живеевме во ист стан, во посебни соби. Токму на мојот роденден таа влезе и веднаш почна да ме влече за коса, да ме гребе по лицето и да ме удира. Маж ми едвај ме одбрани. Во болницата „Драгиша Мишовиќ“ ме прегледаа и ми најдоа повреди. Ме претепа уште еднаш, на улица. Присутен беше и Радмило“, изјавила во една прилика за Курир Лепосава.