ЈА ПРЕСПА ПАНДЕМИЈАТА: Се разбуди од кома и нема поим што е корона, а ја прележа два пати (ФОТО)

by Тони Зографски

Џо Флавил (19) имал сообраќајна несреќа во март минатата година. Паднал во кома. Се разбудил по 11 месеци, но не знаел дека светот го зафатила пандемија, ниту знаел што е тоа корона, а ја прележал два пати додека бил во кома, пренесува “Mirror”.

“Џо сега е во добра состојба. Сепак, не сме сигурни колку е свесен за ситуацијата со која целиот свет се соочува. Неговата несреќа се случи пред локдаунот, а тој како да ја преспа”, рекла неговата стрина Сели Флавил Смит.

Џо имал несреќа пред првиот локдаун кој во Велика Британија се случил на 23-ти март 2020-та година. Од тогаш е во кома во болницата Лестер Џенерал, каде можела да го посетува само неговата мајка Шерон Присли. Пред несреќата бил здраво и весело момче и се занимавал со хокеј. Џо одлично закрепнува и набрзо би можел да застане на нозе. Голема желба му е да патува низ светот.

Додека тој не стане на нозе, наместо него низ светот патуваат неговото семејство и пријателите. Повеќе од 100 луѓе секој ден возат велосипед, одат и трчаат за да достигнал број на километри кои се потребни да се пропатува целиот свет.

Покрај овој убав гест, неговото семејство направило веб страна посветена на неговото патување околу светот и страница на која се собираат потребните средства за неговото лечење.

Џо малку ќе почека за патувањето околу светот. Барем додека не објаснат што е коронавирус и во каква состојба бил светот додека тој бил во кома.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com