По смртта на својот сопруг, Беки била многу тажна и сакала да направи нешто што ќе ја потсеќа на него. Одлучила да научи да гравира и да заборави на тажните мисли. Бидејќи и требало поголем простор за работа таа се преселила во работилницата на сопругот. Синот и помогнал да ја поправи работната маса на која работел Мејсон, но во еден момент кога ја превртиле масата под неа имало порака која Беки ја оставила без текст.
Имено, Мејсон и оставил порака дека многу ја сака, и дека со неа ги поминал најубавите години.
-Не знам дали некогаш ќе ја видиш пораката, но најголема желба ми е да те усреќам како што ти мене тоа ми го направи – напишал Мејсон.
Беку дрвената плоча со пораката ја урамила, додека синот одлучил приказната да ја сподели на социјалните мрежи.
-Тој е единствен и најдобар татко кој сум го имал. Ме научи се што знае за столарскиот занает. Досега немам запознаено толку добар човек – стоеше во прилог на фотографијата со масата.
Инаку, Мејсон не му бил биолошки татко на својот син.