Кинеските власти осудија на смрт маж кој ја запалил поранешната сопруга додека снимала пренос во живо.
Во септември минатата година, Танг Лу истурил бензин и ја запалил 30-годишната Ламу додека снимала пренос во живо. Ламу била фармерка од провинцијата Сечуан и знаела често да емитува свои видеа во живо преку „Douyin“, кинеската верзија на „ТикТок“. Таа починала две недели по нападот.
Лу беше прогласен за виновен за убиство во четвртокот, осуден на смрт и мора да плати отштета, пишува Би -Би -Си.
Според извештајот на кинеската државна телевизија CCTV, Танг во минатото физички ја злоупотребувал Ламу, поради што парот се разведе во јуни 2020 година. Лу подоцна во неколку наврати повторно ја запросувал, но таа одбивала.
Кинеските активисти за човекови права велат дека земјата има проблем со семејното насилство бидејќи идејата дека семејните конфликти се приватен проблем е се уште вкоренета во општеството.
Во Кина, злоупотребата не се сметаше за причина за развод до 2001 година, и дури во 2015 година беше воведен првиот национален закон за забрана на семејно насилство.