Австралиската тенисерка со српско потекло Јелена Докиќ доживеа неверојатна трансформација. Докиќ во есента 2018 година имаше 120 килограми, но денес изгледа совршено. Таа објави фотографии од одморот во Хрватска и многу се воодушевени од нејзиниот изглед и позитивната енергија.
Јелена во годините откако ја заврши тениската кариера живешееше нездраво. Беше несреќна и депресивна, дури размислувала и за самоубиство, но сепак одлучила да си го промени животот на подобро.
“ Се повлеков од тенисот, а не знаев во кој правец да одам. Почнаа проблемите со килограмите, па во еден период имав дури 120 килограми. Кога сте професионален спортист се ви е на “тацна“, тренинг, храна, патување, така што имав голем проблем да се вратам во нормалниот живот – порано изјави Докиќ која настапуваше за Австралија.
Денес има 66 килограми и навистина изгледа одлично.