Добро е познато дека Џенфер Лопез никогаш не користела ботокс што повеќе пати го потврдила.
„Никогаш не сум користела ботокс, едноставно не сум тој тип на личност. Немам ништо против луѓето кои го прават тоа, но мене тоа не ме интересира“, изјавила Џенифер.
Во состав со тоа, неодамна пејачката споделила метода која нејзиното лице ја обожава – го прави свежо и младолико.
„Една од моите најголеми тајни е сонот, но еден од моите трикови кога не можам доволно да спијам е следниот – постои одредена количина на часови за кои чувствувам дека треба да спијам за да изгледам свежо. И кај мене тоа навистина делува, тоа е или под четири или повеќе од седум часа спиење. Тоа е моето единствено правило“, споделила пејачката во видео кое го снимила за „Vogue“.
Со оглед на тоа дека нејзината кожа секогаш изгледа беспрекорно, дерматолозите откриле дали има вистина во нејзиното тврдење.
„Би кажала дека тоа е повеќе анегдота отколку било што друго. Сепак, иако нема многу информации за овие одредени временски рамки и како тоа влијае на кожата, истражување покажало дека оние кои постојано спијат седум до девет часа во текот на ноќта имале помлада кожа, подобра функција на кожните бариери и повеќе задоволство во својот изглед од оние кои редовно спиеле по пет часа или помалку. Така што тоа има смисла“, изјавил дерматологот Гета Јадав.
Секако, спиењето е само дел од целокупната грижа за себе која на Џеј Ло ѝ е приоритет. Таа исто така користи дневни афирмации како дел од своите утрински рутини. Приспособливи мантри, фрази или убедувања кои научно докажано се поттикнувачи на позитивниот начин на размислување и подобрување на расположението.
Се чини како таа да се согласува со ова истражување:
„Секогаш сум во совршено здравје, тоа е нешто што себеси постојано си го кажувам. Моето семејство секогаш е во совршено здравје. Млада сум и безвременска во секое доба. Мојот живот е полн со радост, љубов“, изјавила Џеј Ло во видеото.