Неда Украден (73) е позната по својата виталност и младешки дух, а сега реши да се пофали со фигура на која може да ѝ позавидат многу помладите дами. Таа моментално го поминува времето со внуците во својата семејна куќа која неодамна ја реновираше и постави базен во дворот, а таа стана вистински мал рај и за неа и за нејзините најблиски.
Неда на Инстаграм сподели фотографија на која позира во розе костим за капење и со капа во иста боја.
„Отворање сезона 2023 година“, напиша пејачката во описот на објавата и доби еден куп комплименти од своите обожаватели.
Следбениците на Инстаграм не можеа, а да не го забележат нејзиниот стајлинг и добрата фигура, па во коментарите имаше бројни комплименти.
„Беше и останува дама со стил“, „Изгледа како супер баба“, „Една и единствена кралица“, напишаа следбениците.