Мајкл Флор, е најдолго хоспитализиран пациент од Ковид-19 во САД кој, кога неочекувано не умре, луѓето се шегуваа со него како „чудо човек“. Сега оние кои го нарекуваа „чудо човек“ исто така можат да го нарекуваат и човек од милион долари.
Флор (70), дошол многу близу до смртта во пролетта, тогаш медицинска сестра доцна во ноќта му го држела телефонот до увото додека тој се збогувал со неговата сопруга и децата, а сега се опоравува во неговиот дом во Вест Сиетл. Но, тој изјавил дека ќе го фатело срце пред некој ден, кога ја добил сметката и неговото досие од здравствената заштита.
„Ја отворив и реков: Господи, боже! “, изјави Флор.
Вкупната сметка за неговото лечење од коронавирусот е 1,1 милиони долари или точно 1.122.501.04 долари. Сè на една сметка што е повеќе како книга затоа што има 181 страница.
Сметката е технички објаснување за наплаќањето и затоа што Флор има здравствено осигурување, тој нема да мора да плати огромен дел од истата. Всушност, затоа што имал КОВИД-19, а не различно заболување, можеби не мора да плати ништо.
Но, засега и тој и неговото семејство и пријателите се восхитуваат на екстремниот трошок и бизарната економија на американската здравствена заштита.
Флор бил во шведскиот медицински центар во Исаках со КОВИД-19, 62 дена, така што знаел дека сметката ќе биде до плафон. Тој бил без свест во поголемиот дел од престојот, но, скоро на почетокот, неговата сопруга Елиса Дел Росарио се сеќава дека се будел и велел: „Треба да ме извадите од тука, не можеме да си го дозволиме ова“.
Само сметката за неговиот престој на интензивна нега била 9.736 американски долари на ден. Поради заразната природа на вирусот, просторијата била запечатена и можело да влезат само медицински работници кои носат скафандери и маски. 42 дена тој бил на интензивна нега, а сметката за тоа изнесува 408.912 американски долари.
Тој, исто така бил на механички вентилатор 29 дена, а употребата на машината била наплатена по 2.835 американски долари на ден, или вкупно 82.215 долари. Околу една четвртина од вкупната сметката се трошоци за лекови.
Списокот од сметки индиректно ја раскажува приказната за битката на Флор. За двата дена кога неговото срце, бубрезите и белите дробови почнале да откажуваат, а тој бил најблиску до смрт, во сметката на 20 страници е напишано како тој е третиран и овој третман чини скоро 100.000 американски долари, бидејќи лекарите „правеле сè што можат“, вели Флор.
Обично болниците плаќаат само дел од сумата што ја наплатуваат, бидејќи повеќето имаат преговори за попусти со осигурителните компании. Во сметките не се вклучуваат двете недели од рехабилитацијата.
Разгледувајќи го сето тоа, Флор изјавил дека е изненаден од сопствената реакција. Која била вина.
„Се чувствувам виновен што преживеав“, вели тој. „Има чувство – зошто јас?“ Зошто го заслужив сето ова? Гледајќи во неверојатната сума на сето тоа, дефинитивно се додава вината зошто преживеав“.
Исто така, постојат посебни финансиски правила што важат само за КОВИД-19. Конгресот издвои повеќе од 100 милијарди долари за да им помогне на болниците и осигурителните компании да ги намалат трошоците за пандемијата, делумно за да ги охрабрат луѓето да бараат тестирање и третман (вклучувајќи ги и оние без осигурување). Како резултат на тоа, Флор веројатно нема да мора да плати дури и преку неговото здравствено осигурување, што можеше да изнесува 6.000 американски долари.
Осигурителната индустрија проценува дека трошоците за третман само за Ковид-19 би можеле да достигнат 500 милијарди американски долари, сепак, затоа се бара од Конгресот да помогне со повеќе пари.
Флор изјавил дека е хипер-свесен дека некој ја плаќа својата сметка од милион долари – даночни обврзници, други трошоци за осигурување и така натаму. „Стравувањата од социјализам“ секогаш нè спречуваа да гарантираме целосна здравствена заштита за сите, рече тој. Но, тука се и позлатените трошоци, двојно поскапи по глава на жител, како и на кое било друго место во светот.
„Милион долари за да ми го спасат животот и секако дека би рекол дека се добро потрошени пари“, вели тој. „Но, јас исто така знам дека можеби сум единствениот што го кажал тоа“.