Помина пола година откако еден од најпопуларните парови стави точка на својата љубовна врска. Имено, кога Венсан Касел ги избриша сите слики со 30 години помладата Тина Кунаки, јасно беше дека на нивната љубов ѝ дошол крајот. Имаше и такви што веруваа дека ќе се смират, но изгледа ништо од тоа, бидејќи се појави веста дека Касел нашол нова девојка.
По разводот, Венсан често се појавуваше во јавност, видно насмеан и расположен, додека Кунаки беше поинаку расположена. Излегуваше прилично запустена и тажна, а многумина коментираа дека се гледа по неа колку тешко ѝ паднал разводот. Меѓутоа, времето си го направило своето, па Тина максимално се посветила на себе и конечно си ја вратила насмевката на лицето.
Долго се шушкаше дека Венсан Касел бил претерано љубоморен и дека сè ѝ забранувал на својата 30 години помлада избраничка. Како што пренесуваат странските медиуми, до развод дошло бидејќи Касел ја изневерувал Тина, исто како и својата прва сопруга Моника Белучи. Па наводно, тој бил виновникот за раскинувањето.
Веќе подолго време се пишува дека Венсан има нова девојка. Исто како и Тина, и таа е помлада од него цели 30 години, а станува збор за Нара Баптиста, манекенка која има 27 години и е со бразилско и австралиско потекло.
Најпрво сè се сведувале на флерт преку социјалните мрежи, а потоа преку Инстаграм покажале дека се во Рио де Жанеиро, па дури и биле фотографирани на еден настан што промовирал културни настани на афроамериканската заедница.
Убавата манекенка на социјалните мрежи објавила низа селфиња, во чиј опис напишала „твоја“, а Касел на португалски одговорил: „твој“. Интересно е што Нара неодоливо потсетува на Тина, па многумина коментираат дека си нашол нејзина копија, а голема случајност е и тоа што таа е 30 години помлада од Касел.
Инаку, Венсан со Тина има ќерка Амазонија, а со Моника има две ќерки, Дева и Леона.