Викторија Бекам викендов одржала ревија, а единствени гости на спектаклот биле нејзиното семејство. И таа и нејзиниот сопруг, славниот фудбалер Дејвид Бекам за настанот објавиле фотографии на социјалните мрежи.
– Толку сме горди бидејќи имаше многу ограничувања сезонава, но Викторија и тимот уште еднаш продуцираа и не можевме да бидеме посреќни, бидејќи сме единствените гости во зградата. Браво мама – објавил Бекам со фотографија од ревијата.
Сепак најголемо внимание привлекол стајлингот на Бекјам. Славниот фудбалер секогаш е беспрекорно стилизиран, но сега неговиот стајлинг е вистински урнебес, бидејќи е во влечки и бели чорапи. Тој детал го објави и Викторија со порака:
-Моите најдраги и единствени гости оваа сезона, Толку многу ве сакам – порачала модната икона.
Корисниците на Интернет го изразија своето незадоволство во делот за коментари.
– Дејвид, те сакам! Но, чорапите и сандалите се големо „не“.
– Прекрасна семејна слика! Но, не можам да ја смислам таа комбинација на чорапи и сандали.
– Дејвид, зошто чорапи и сандали? Тоа никогаш не изгледа добро – се само некои критики.
https://www.instagram.com/p/CFZ1AqfpppS/?utm_source=ig_web_button_share_sheet