Лорин Томас (16) од Велика Британија по алергиската реакција од боењето на косата доживеа вистинска траума кога и отекла целата глава.
Лорин која во викендите работи во еден фризерски салон, по боењето на косата прво почнала да ја чеша главата, па помислила дека имо вошки. Ноќта се разбудила во болки и со едно затворено око. Кога се видела на огледало изгледала како чудовиште.
“ Никогаш повеќе нама да ја бојам косата дома. Дури и во фризерскиот салон ќе носам ракавици, бидејќи не сакам повторно да изгледам како чудовиште. Секако, тоа не ме разувери од желбата да станам фризерка – рекла Лорин.