Откако постојат социјалните мрежи писателката Исидор Бјелица беше активна. Сега, ненадејно одлучи да ги затвори своите профили на Инстаграм, Фејсбук и Твитер.
– Профилот е затворен, ви благодарам на дружбата, хуморот, радоста која ја делевме. Ве бакнувам-, порача Исидора.
Инаку, по овие објави нејзините следбеници се вознемирени бидејќи веќе подолго време Бјелица се бори со канцер. Ако се земе в предвид дека профилите не и се во целост избришана, нејзините следбеници веруваат дека се работи само за моментална заситеност од виртуелниот свет.
Последната нејзина објава беше апелот за помош за децата со неизлечиви болести, како и нејзината колумна за еден медиум.