Дваесет и двегодишната инфлуенсерка Џулија Хенеси Кајуела, која ја следеа повеќе од 300.000 луѓе на Инстаграм, почина во сообраќајна несреќа додека возела мотор во друштво на нејзиниот сопруг Даниел Кајуел.
Несреќата се случила во близина на Сао Паоло во Бразил, а ифлуенсерката веднаш бил пренесена во болница во блискиот град Парана, но починала кратко време откако пристигнала поради ненадеен срцев удар, пишува „О Темпо“.
Даниел, кој исто така го следат голем број луѓе на Инстаграм, е сериозно повреден и е на интензивна нега.
Пред нејзината смрт, Џулија на својот профил го објави статусот што ги натера нејзините следбеници да се потресат, откако дознаа дека починала.
„Животот е краток. Ајде да полудиме. Јас, ти, Бог и патот. Твоите соништа се мои“, напишала таа.
Џулија и Даниел се во брак четири години и често објавуваа фотографии од нивните авантури со мотори на социјалните мрежи. Нивната најнова фотографија ги покажува со кациги додека весело позираат пред големиот жолт знак за градот Капао Бонито.
Comments are closed.