Тејана Тејлор важи за една од најзгодните жени во светот на шоубизнисот, а атрактивната кантавторка и кореографка не се двоуми да ги покаже своите магии кога и да ѝ се укаже прилика за тоа.
Таа неодамна уживала во една роденденска забава на плажа во Мајами со пријателите, парадирајќи во минијатурно бикини.
33-годишната Тејана носела костим за капење со интересен принт во зелено-црна боја, кој ги истакнал нејзините затегнати стомачни мускули, извајани нозе и заоблен задник. Тејана тренира напорно и резултатите се повеќе од видливи.
Костимот за капење го надополнила со тренди „рибарска“ капа и блескав накит, а веруваме дека го привлекла вниманието и на двата пола.
Тејлор, која минатата година се разведе од кошаркарот Иман Шамперт, самоуверено избрала танга како долен дел од костимот, па веруваме дека нема проблем со љубопитните погледи.
За потсетување, во 2021 година машкото списание „Maxim“ ја прогласи за најатрактивна жена на планетата.
Освен тоа, со години ја следи епитетот жена со „најдобро тело“ во светот на шоубизнисот. Тој прекар го заработи во 2016 година кога се појави во спотот за песната на Канје Вест, „Fade“, кога кадрите на кои таа заводливо танцува во минијатурен комплет го воодушевија светот.