Саманта Ален имала само осум години кога почнала да ги бричи нозете. За разлика од нејзините врсници, Саманта имала влакна на лицето уште пред да наполни 11 години.
Тогаш почнале првите навреди и остри коментари, а потоа ѝ беше дијагностициран хирзутизам, состојба на зголемена влакнетост од машки тип кај жените.
Покрај тоа, на Саманта ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници, а со тоа се борела со акни и менструални нарушувања.
https://www.instagram.com/p/CL7mYsQh1Ql/
Иако била посветена на здрав начин на живот и физичка активност, Саманта никогаш не успеала да ослабе. Во најлоша состојба имала 125 килограми, поради што завршила во болница на преглед.
„Од многу млада возраст страдав од синдром на полицистични јајници и хирзутизам. Почнав да ги бричам нозете кога имав осум години, а имав влакна на лицето на 11. Ме малтретираа во текот на основното и средното училиште, луѓето ме нарекуваа мајмун и маж. Јас не ги знаев ниту половина од луѓето кои ме малтретираа“, изјави Саманта за Метро.
„Се одлучив за операција за слабеење бидејќи на 25 години завршив во итната медицинска помош додека работев, среде смена. Имав чувство дека ќе се онесвестам и бев екстремно слаба”, рекла Саманта, која изгубила околу 45 килограми по операцијата во 2019 година.
https://www.instagram.com/p/CKIXCxgBfBv/
Сепак, и покрај сите компликации, Саманта сега го чека своето прво дете.
„Дури и по зачнувањето може да биде многу ризично да се носи дете до датумот на раѓање. Сепак, имав идилична бременост. Прво се консултирав со експерт и поставив милион прашања, но сега сум во пренатална фаза без компликации и не можам да бидам посреќна“, рече таа.
https://www.instagram.com/p/CYCgOTdOm0W/
„Луѓето оставаат негативни коментари на моите слики или оставаат емотикони што повраќаат кога ќе видат слики од моите влакна. Не дозволувам тоа да ми пречи бидејќи често добивам приватни пораки од жени кои ги споделуваат своите приказни за ова нарушување. Ме контактираа од многу од нив кои тврдеа дека сум храбра и дека моите слики и приказни им помагаат во борбата“, заклучи Саманта.