Нема кој не слушнал за славните сестри Џиџи и Бела Хадид, најпознатите манекенки во последните 10 години, а некогаш во сличен стил на модните писти била популарна и нивната мајка, Јоланда Хадид.
Иако мајката на двете убавици е успешна дама, не е позната како нивна поддршка и најдобра пријателка туку како „мајка од пеколот“.
Јоланда, која денес има 59 години, е некогашна успешна манекенка и ТВ ѕвезда, а изгледа како да има барем 20 години помалку. Поради убавината и виткото тело ја нарекуваат „најсексапилна баба во Холивуд“, а иако многумина ѝ се восхитувале поради успешната кариера, нејзиниот вистински карактер бил откриен во текот на емотивното шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“ и популарната сцена во која ѝ забранува на ќерка си да јаде за да биде подобар модел, иако веќе била слаба.
Оваа родена Холанѓанка толку брзо станала позната како најопасна мајка во Холивуд која своите ќерки ги одгледува под строги правила. Колку што Џиџи и Бела биле послаби толку Јоланда била посреќна. Меѓутоа, самата Јоланда пораснала далеку од гламурот. Родена е во мало холандско село каде растела молзејќи крави и водејќи ги да пасат.
Благодарение на убавината на 13 години била откриена како модел, а потоа животот ѝ се сменил.
Почнала да шета по пистите прво во својата родна земја, а потоа и во светот. Следните 18 години била една од најпопуларните манекенки на светот. Заработувала пари од почетокот на кариерата, а потоа само го зголемувала своето богатство. Потоа почнала да се занимава со бизнис купување и продажба на коњи.
На почетокот на 90-тите години во животот влегол Мохамед Хадид, богат инвеститор на недвижнини. Се венчале во 1994 година, а потоа ги родила двете ќерки и синот Анвар. А жал брачната среќа не траела долго, па тие се развеле во 2000 година кога Анвар имал само една година.
Потоа Јоланда се венчала за Дејвид Фостер во 2011 година, канадски музичар и продуцент, а пред венчавката во врска биле четири години. Само една година по венчавката дијагностицирана ѝ била лајмска болест која се пренесува преку заразен крлеж поради што во еден момент ја изгубила способноста да зборува и чита. Тогаш сопругот ѝ бил најголема поддршка.
На крајот, тие се развеле поради тоа што Јоланда открила дека Дејвид ја изневерува со млада актерка.
Не е тајна дека Јоланда управувала со животот на своите ќерки. Таа им уништувала врски, а методите на одгледување отсекогаш биле крајно вознемирувачки. Така таа отсекогаш истакнувала дека повеќе ја сака Џиџи која повеќе личи на неа, додека пак Бела која личи на нејзиниот татко отсекогаш ја терала со пластичните операции да го менува изгледот за да изгледа „ориентално“.