Во новата епизода на својот поткаст, познатата актерка Брук Шилдс открила дека жали поради тоа што во дамнешната 1985 година призна во јавноста дека е девица.
57-годишната ѕвезда на „Blue Lagoon“ тврди дека било грешка тоа што јавно зборувала за својот сексуален живот.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше мала грешка тоа што бев толку отворена за својата невиност бидејќи тоа ме следеше цел живот“, рекла Шилдс, која била наречена „најпознатата девица на светот“.
Поранешната детска ѕвезда рекла дека таквата информација за првпат се појавила во нејзината книга од 1985 година, „On Your Own“.
„Во книгата имаше едно поглавје во кое не зборувам за апстиненцијата сама по себе, туку за можноста за личен избор“, изјавила актерката.
„Добивав многу мејлови од млади обожавателки кои ми испраќаа прашања како: ‘Моето момче ме притиска, а јас сè уште не сакам да се впуштам во однос. Што да правам?’. Им одговарав: ‘Не морате да правите ништо што не сакате’“, додала таа.
Но, иако само сакала да им помогне на другите, Шилдс ја нарекувале „најпознатата девица на светот“ и често се среќавала со многу непријатни прашања од постари мажи во текот на разните интервјуа.
„Станав најпознатата девица на светот. Кога ќе се најдете на удар на толку млада возраст, стекнувате отпорност и затоа научив да бидам подготвена на сè во оваа индустрија, што може да биде тешко“, признала таа.
Шилдс исто така рекла дека се кае што толку долго чекала и открила дека ја изгубила невиноста со своето момче Дин Кејн, на 22-годишна возраст.