Ренато Полонија од семејната компанија „Храст“, столарот што ја направи најпозната маса во Кремљ каде Путин ги прима светските државници, изјави дека го забавуваат шегите за масата што ја направил пред 25 години за претходникот на Путин, Борис Елцин и дека се надева дека стоте преговори меѓу Западот и Москва ќе донесат среќа.
“Го препознав штом го видов. Бев горд. Секогаш сум емотивен кога гледам дека мојата работа е дел од нешто важно, изјави Полоња.
Ја направил масата додека работел на проект за една од четирите палати на Кремљ од 1995 до 1997 година. Столарот вели дека безбедносните мерки биле строги.
Плочата е направена во едно парче и била многу тешка за работа.
Полоња, кој изработувал мебел и за арапските шеици и малезиските султани, вели дека таква маса денес би чинела околу 100.000 евра и истакна дека изработувал мебел и за арапските шеици и малезиските султани.
Инаку, компанијата „Храст“ опреми 7.000 квадратни метри во Кремљ, на два ката, вклучувајќи ги и приватните простории на претседателот.
Полоња рече дека просторот бил уништен од Јосиф Сталин, па руските дизајнери ги пребарале архивите за да го вратат стариот изглед, пред револуцијата во 1917 година.
Договорот бил вреден меѓу 40 и 50 милиони евра, а целиот мебел бил направен во Италија, а потоа транспортиран во Русија. Џиновски скенери биле користени за проверка на грешки пред да бидат внесени во Кремљ.
In recent talk between Russian President Putin and French President Macron, main subject was, who will win in table game!
Many observers were questioning the size of the table, for the meeting! pic.twitter.com/Ba6A2YM6C5— SEICO-OSINT (@SeicoIntel) February 9, 2022