Адријана Лима се појавила на премиерата на филмот „Top Gun: Maverick“ на Канскиот филмски фестивал.
Облекла црн фустан од „Balmain“ со долги ракави, кој имал голем изрез на стомакот. На овој начин Адријана го нагласила трудничкото стомаче.
Со тоалетата искомбинирала црни сандали, а на црвениот тепих позирала со партнерот, продуцентот Андре Лемерс.
Инаку, манекенката во февруари на ТикТок објави дека очекува дете со Лемерс. Неколку недели подоцна, на Инстаграм откри дека ќе добијат момче.
Лима и Лемерс ја официјализираа врската минатата година на црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал. Славната манекенка ги има ќерките Валентина (12) и Сиена (9) од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Тие се разведоа во 2016 година.