Познатата радиоводителка Славица Ставревска или популарната Цаци си оди од “Сити радио“.
На својот Фејсбук статусот веста ја потврди познатиот радио ди-џеј Владо Деловски – ДЈ Дела кој долги години наназад работeше со Цаци:
„Ми беше задоволство што во изминативе скоро 30 години ја делевме најдобрата професија за тебе и мене..ЕЈ ИМАМ НОВА ПЕСНА ЗА ВО ЕТЕР,ТОП Е,ЌЕ БИДЕ ХИТ. Денеска и е последната емисија на Сити Радио… Од радиовотителството си оди Slavica Caci Stavrevska, за мене еден од најдобрите и најпрофесионални радиоводители во македонскиот етер. Радиото секогаш ќе ме потсетува на тебе… Знам дека е тешко кога се прекинува кариера, но… Нови мориња ќе можеш да откриеш дури тогаш кога ќе стекнеш доволно храброст да го изгубиш брегот од видикот“ – напиша ДЈ Дела потврдувајќи дека Цаци сепак си оди не само од радиото, туку и од радиоводителството и ја менува професијата со некоја друга.
Инаку, пред да премине во “Сити радио“ Цаци долги години работеше во радиото “Антена 5“.
извор: Вистина.мк