Адријана Лима била забележана во Њујорк пред теретана како вежбала напорно за што побрзо да ги намали килограмите кои ги добила за време на третата бременост. Додека после првите две породувања за кратко време се вратила во топ форма, овојпат не е така.
Манекенката речиси една година се обидувала да си го врати телото во нормала, но тоа воопшто не ѝ успевало.
„Ме „уништи“ породувањето. Секој ден е нова борба и секој ден се потсетувам како морам да го прифатам моето ново тело, но и да направам сè за да го доведам во ред својот изглед. Чувствувам дека сум во транзиција и затоа тренирам напорно секој ден и се мачам, но исто така и учам нови работи за себе и моето тело во четириесеттите. И тоа е во ред бидејќи телото различно реагира на промените на различни возрасти“, неодамна изјавила Адријана Лима.
И додека сите очекувале манекенката да се појави на Канскиот филмски фестивал, таа била фотографирана во Њујорк како вежба по боксерски патики, тесни црни хеланки и дуксер. Под црните хеланки јасно се оцртувале нозете на познатата манекенка, додека таа насмеана се трудела да вежба што посилно.