Коронавирус и после неколку месеци се уште ги збунува научниците која очајно бараат начин за справување со пандемијата. Збунети се и лекарите кои се во првите борбени редови очајно барајки начин како да ги спасат своите пациенти чиј животи згаснуваат во голем број пред нивните очи.
Докторот задолжена за интензивна нега на интервентно одделение, Камерон Кајл-Сајдел проговори на Јутуб за она со кое се соочуваат лекарите во Њујорк. Тој вели дека ја лечиме погрешната болест. Пациентите не умираат од пневмонија туку од недостаток на кислород предизвикан од коронавирусот. Наместо од ARDS, односно откажување на белите дробови поради мускули кои што од замор повеќе не можат да ја извршуваат својата работа и пациенти на кои што им е потребен вентилатор кој што ќе ја обавува работата која телото не може да ја заврши, пациентите умираат од недостаток на кислород.
Доктор Сајдел вели дека пациентите се гушат и поплавуваат доколку им се острани поддршката со кислород и како за пример тој вели дека тоа би се случило доколку човек без соодветна аклиматизација е однесен на некој од највисоките врвови во светот каде количината на кислород во воздухот е помала.