Катрина Дарлинг е провокативна танчерка во бурлески, но она што беше особено интересно за британската јавност е фактот дека таа е братучетка на Кејт Мидлтон.
Кога Кејт се омажи за принцот Вилијам, се појавија различни приказни за тоа што всушност е Катрина, а наводно била добро платена за да не ја промовира нивната крвна врска,
Анонимен извор во едно интервју изјавил:
„Катрина трчаше наоколу и се претставуваше како кралска роднина кога Кејт се обидуваше да ги преживее своите први денови како официјална членка на монархијата, и тоа не беше лесно.“
„Кејт е известена дека Катарина сега живее во Лондон и дека сѐ уште работи како стриптизета, и многу се фрустрира поради тоа. Нејзиното семејство не ја ни познава Катрина и фактот што таа сѐ уште тргува со своите кралски врски е многу разочарувачки.“
Во 2011 година, Катрина открила дека е во сродство со Кејт и не престанала да ужива во можностите што ѝ се пружиле благодарение на семејните врски.
Следната година, на тогаш 22-годишната девојка ѝ бил платен шестцифрен износ за да се слика за списанието „Плејбој“.
И покрај далечната кралско-роднинска врска (бабата на Катрина му е сестра на прадедото на Кејт, Томас Харисон), танчарката на бурлеска уживала во погодностите и ги изведувала своите точки на песната God Save the Queen.
Дури и Хју Хефнер твитувал за сензационалистичките фотографии на Катрина во неговиот магазин.
„Катрина Дарлинг, втора братучетка на британската војвотка Кејт Мидлтон, предизвикува сензација во септемврискиот број на Плејбој“, твитувал тој тогаш.
Катрина и понатаму се занимава со својата работа, а Кејт успеала да ги прекине сите врски со неа. Барем за сега.