Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари чекаат второ дете, пренесуваат светските таблоиди. Двојката била видена во близина на една приватна клиника во Лос Анџелес, каде што Меган имала закажано термин.
Внимание привлекол изборот на облеката на војвотката, односно широкиот фустан под кој не може да се види дали таа го крие трудничкиот стомак или не. Иако носеле заштитни маски и шешири, а Меган дополнително се обидела да се скрие носејќи и очила за сонце, папараците, кои верно ги следат со месеци, успеале да ги фотографираат.
Фотографиите кои набрзо го обиколија светот, дополнително предизвикаа шпекулации дека нивниот едногодишен син Арчи наскоро ќе стане постар брат, исто како што, според пишувањата на странските медиуми, и самата Меган неодамна им открила во доверба на блиските пријатели.